Е-гигантот „Амазон“ отвора претставништво во Хрватска, во кое се очекува дека ќе бидат вработени околу 50 луѓе.
Веќе две години компанијата се подготвува за официјалното отворање канцеларии во Хрватска, а сега конечно се исполнети условите за почетокот на тој голем проект. Веста е потврдена на веб-страницата на „Амазон“, каде што беше објавено дека се отворени работни места.
Компанијата моментално бара експерти и инженери за проектирање и одржување на облак-инфраструктура. Засега ќе бидат вработени 15 луѓе, а според „Јутарњи лист“, конечната бројка се очекува да достигне до 50.
Преку подружницата „A1000 роу инк.“, „Амазон“ како пилот-проект отвори претставништво во Хрватска под називот „Амазон дата сервисис“. Минатата година претставништвото оствари промет во вредност од 270 милиони динари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.