Видео вести

(ВИДЕО) Тони Дурам: Зборувајте на три јазици - цена, вредност и премиум

22 ное 2023

Тони Дурам е еден од водечките светски стручњаци во FMCG-индустријата, долгогодишен директор во „Проктер&Гембл“(P&G). Тој е познат и признат експерт за психологија и однесување на купувачите, кој за првпат го пренесе своето богато знаење на 9 FMCG SUMMIT 2023.

Во интервјуто за InStore, Дурам зборуваше за психологијата на потрошувачите во време на инфлација и кои се клучните алатки што компаниите може да ги искористат за да влијаат врз потрошувачките навики.

Мозокот е многу едноставен, ја прима секоја информација што му е дадена и таа што е наједноставна ја пренесува како основа за својата одлука. Па, ако единственото нешто што му го покажете е цената, тогаш тоа влијае на одлуката за купување. Ако му ја покажете цената, но и дека сте број еден бренд во земјата, тогаш одеднаш не се врти сè околу цената, истакна Дурам.

Повеќе погледнете во одличното интервју:



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...