На 8 FMCG SUMMIT во Скопје, Мина Јанакиев, консултант за анализа на продажбата во Nielsen IQ зборуваше за предизвиците во FMCG-секторот и како компаниите да креираат стратегии во новата економска реалност.
Во интервјуто за InStore, Мина истакна: Некои работи што претходно ги правевме долгорочно и некои наши долгорочни планови, станаа речиси секојдневни одлуки, а плановите краткорочни. Потребно е поинаку да се размислува и да се планира и на тој начин да се формираат стратегиите. Никој не може да им каже точно што треба да прават, бидејќи производителите и трговците ги одредуваат своите стратегии. Но, многу е битно да ги променат претходните сознанија, да остават простор да се приспособат на моменталната ситуација и да ги отворат своите размислувања и погледи на моменталната ситуација.
Погледнете го разговорот со Мина Јанакиев:
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.