Трговскиот синџир „Карфур“ покрена маркетиншка кампања чиј фокус се ниските цени и промоција на асортиманот на приватните трговски марки на трговецот произведени во Франција.
Како дел од кампањата, „Карфур“ нуди заштеди на 5.000 производи од приватни трговски марки за купувачите кои ќе се пријават за Карфур-лојална картичка.
Истовремено, компанијата најави дека го шири работењето на Тајван, со купување на синџирот „Уелком Тајван“ на комапнијата „Даири фарм“.
„Карфур“ на Тајван веќе има 137 објекти, а со оваа аквизиција, на својата продажна мрежа ќе ѝ придружи уште 224 мали локални супермаркети.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.