Регион

Србија: „Бамби“ повторно започна да ја произведува Plаzma во својата фабрика во Пожаревац

18 Nov 2024

Компанијата „Бамби“ во својата фабрика во Пожаревац повторно започна со производство на Plazma со намален капацитет. Продолжувањето на производството ќе се одвива во една од трите производни линии која не беше оштетена во пожарот.

Од компанијата наведуваат дека со оглед на тоа што се работи само за една линија, количините на Plazma на пазарот ќе бидат помали отколу што беше тоа случај пред пожарот, па компанијата ги повикува потрошувачите на солидарност и споделување на омилената Plazma со најмилите додека производството целосно не се стабилизира.

После пожарот кој ја зафати нашата фабрика, оспособивме дел од производните капацитети и продолжуваме со производството на Plazma во намален обем. Линијата на која произведуваме Plazma може да произведе третина од капацитетот од досегашното производство и тие количини сигурно нема да бидат доволни да ја покријат целосната потрошувачка. Затоа уште некое време на потрошувачите ќе им се случува да не можат да секогаш да го најдат посакуваното пакување. Во следите недели можеме да очекуваме враќање на Plazma на полиците. Квалитетот останува наш најголем приоритет и сите кои ја сакаат Plazma наскоро ќе уживаат во добро познатиот мирис и вкус. Подготвуваме и големо изненадување за оние кои имаат и најмалку трпение и за оние на кои Plazma најмногу им недостига, изјави генералнио директор на компанијата „Бамби“, Драган Стојковиќ.

Започнувањето на повторното производство е резултат на работата на санацијата и обновата на производните капацитети, кои компанијата „Бамби“ ги спроведува од јули заедно со агилноста и посветеноста на сите вработени, како и со голема поддршка на „Кока Кола ХБЦ “ група, од која што се дел веќе пет години.

 Нас во „Бамби“ не ни е ништо тешко кога започна производството на Plazma! За што побрзо да стигне до нашите потрошувачи уште повеќе од нас ќе учествуваат во пакувањето на производите. Сега среќата ќе биде поголема, изјави Јелена Павловиќ, тим лидер за производстово во „Бамби“.

После првата фаза, долгорочниот плат опфаќа покренување и на останатите производни линии и продолжување со инвестициите, изградбата и проширувањето на капацитетите на фабриката. Како што соопштија и претходно, новонастанатите околности ја променија деловната динамика на компанијата, но ги забрзаа нејзините развојни планови.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Бамби“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...