Работење

Антонио Зрилиќ: Како да го премостите периодот меѓу две нарачки

28 окт 2019

Цикличните залихи служат за премостување на периодот меѓу две нарачки, а нивното количество е одреден со рок на испорака (lead time) и со просечна потрошувачка за време на испораката

Автор: Антонио Зрилиќ,„Логико“ 

Можеби ви се чини нелогично, но управувањето со резервите е всушност стратешко прашање. Така, прашањто над сите прашања во одредувањето на политиката на залихи: Која е вашата стратегија? Од стратегијата на претпријатието зависи какви треба да бидат вашите залихи. Имено, ако скате да имате квалитетна и проактивна политика на залихи мора да имате јасна стратегија на претпријатието, но во тој случај тие залихи не се во функција на нејзино постигнување. Во секој случај, за да ја одредите посакуваната (целната) залиха потребна ни е некоја стратегија за да ги приспособите залихите со неа.

Втора работа што треба да се знае е од што се состојат залихите. Во претходниот текст за управувањето на залихите зборувавме за видовите залихи што ги имаме во нашето складиште. Тогаш споменавме дека постојат сигурносни, циклични и сезонски залихи. Бидејќи последните (сезонски) не се карактеристични за сите компании, ќе се концентрираме на другите две, односно на сигурносните и цикличните залихи кои ги имаат или треба да ги имаат сите компании што се занимаваат со трговија и производство.

За да ја одредиме целната вредност на залихите може да се послужиме со следната формула:

+ одредување на посакувано ниво на услуги

+ пресметани просечни залихи

+ Пресметани стандардни девијации (отстапувања од просекот)

= сигурносни залихи

+ одредување на циклични залихи

= цена на вредноста на залихите

Посакуваната вредност на залихите е збир на целните залихи, и врз основа на формулата треба да се пресмета за секој производ посебно (бидејќи секој производ е приказна за себе и има различно значење и различни карактеристики кои се однесуваат на вредноста и зачестеност на продажбата) и цикличните резерви.

Циклични залихи

За цикличните залихи рековме дека служат за премостување на периодот меѓу две нарачки и дека нивното количество е одредено со рок на испорака (lead time) и со просечна потрошувачка за време на испораката.

Цикличните залихи директно зависат од времето потребно за испорака. Ова време обично е одредено со далечината што нè дели од доставувачот. Некои компании го намалуваат времето на испорака така што ги условуваат доставувачите да ги позиционираат своите фабрики или складишта во нивна близина. Пример за таква практика е „Дел компјутерс“, која има услов за доставувачите нивните фабрики да мора да бидат во круг од 50 километри од нивната фабрика која ја снабдуваат. Со намалувањето на рокот за испорака се избегнува неизвесноста што се случува за време на долгите испораки.

Уште еден пример за намалување на времето на испорака е модниот производител „Зара“, кој целата своја стратегија ја приспособи во настојувањето да може брзо да реагира на промените во побарувачката. Оваа компанија, за разлика од своите конкуренти во текстилната индустрија, повеќето производи (повеќе од 60%) ги произведува во Европа. Целиот нејзин циклус, од дизајн до производство, па сè до испорака во дуќаните трае 15 дена и на тој начин има од 20 до 30 сезони во годината, за разлика од вообичаените од 2 до 4. За да го постигне тоа, треба да има кратко време за набавка, што се постигнува со избор на доставувачи од Европа, за разлика од своите конкуренти, од кои повеќето својата стока ја произведуваат и ја набавуваат од далекуисточните земји.

На овој принцип се основа и концептот на испорака Just-In-Time, кој масовно се користи во автомобилската индустрија.

Како да се намалат цикличните залихи

Вториот концепт за оптимизација на цикличните залихи е намалувањето на количеството на испорака. Пресметката го кажува следното: ако вообичаеното време за испорака на некој производ (на пр., нотес) е 30 дена и вашата просечна продажба е 100 нотеси месечно, вашата циклична резерва во моментот на доаѓање на испораката треба да биде 100 + сигурносната залиха (за овој вид на залиха дополнително ќе пишуваме). На крајот од месецот во идеален случај, вашата циклична алиха треба да биде на нула (доколку не се работи за идеален случај, што ретко се случува, и доаѓа до зголемување на продажбата, тоа би требало да ги амортизира сигурносните залихи. Меѓутоа, ако фреквенцијата на испорака ја зголемиме на двапати месечно, а интервалот е наместо 30 дена, на 15 дена, тогаш количеството на испорака ќе биде 50 парчиња и просечна циклична залиха ќе биде 25 парчиња (50 парчиња во моментот на испорака и 0 парчиња пред испорака). Тоа е заштеда од 50% на трошоците за чување на залихите и нивно финансирање.

Од другата страна на медалот е зголемувањето на транспортните трошоци како последица на зголемувањето на бројот на испораки и еколошко оптоварување на патиштата како резултат на зголемување на транспорт. Меѓутоа, сите студии и искуства на претпријатијата што направиле квалитетна пресметка велат дека постигнале значителни заштеди откако го скратиле времето на испорака.

Тоа што треба да го направите, додека сте вооружени со овие факти, е точно да ги пресметате варијабилните трошоци за држење на залихите, од една страна, и трошоците за нарачките и испораката, од друга страна. Тогаш го добивате одговорот на прашањето колку циклични залихи треба да имате.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...