Во март потрошувачката во американските супермаркети бележи пораст, пренесува „СНН“.
Економистите очекувале месечен пораст од 0,4%, а малопродажбата во март имала пораст од 0,7%, што е малку помал од порастот во претходниот месец кога изнесувал 0,9%.
Во истиот период продажбата преку интернет порснала за 2,7%, додека продажбата во специјализираните продавници и продажбата на гориво пораснале за 2,1%.
Потрошувачката во рестораните и баровите пораснала за 0,4%, додека пад на продажбата бил забележан во категориите: електроника (1,2%), облека (1,6%) и спорстска опрема (1,8%).
Малопродажбата во САД забележува последователен пораст седум месеци.
Извор: „СНН“
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.