Анализи

САД: Успешноста на стратегијата на „Алди“ – секојдневни ниски цени

16 апр 2024

„Алди Суд“ посочува колку нивната стратегија на ниски цени навистина привлечна за купувачите во САД. Дисконтерот посебно ја нагласува едноставноста и инклузивноста на својата стратегија на секојдневни ниски цени (еври деј лоу прајсинг), која ја споредува директно со програмите на своите конкуренти за платена членарина, како што се „Волмарт“, „Костко“ или „Таргет“. „Алди“ планира своето присуство да го прошири на национално ниво.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

 Кога се зборува за ниски цени, „Алди суд“ истакнува дека тие се лидер во САД. Во соопштението на компанијата, ја истакнуваат предноста на својот пристап  преку „секојдневни ниски цени“ и ја спротиставуваат својата стратегија со малку саркастичната референца на ексклузивност, со платените шеми за членство со другите американски конкуренти. Под маската на „измислената програма за лојалност наречена „Алди +“, компанијата укажува на конкурентноста на своите цени кои се достапни за „331,9 милиони членови уште од првиот ден“, што е еквивалент на американската популација и тоа „без дополнителен надоместок“.

Според наводите на „Алди“, потрошувачите ќе заштедат до 40% неделно во купување кај нив, а притоа не мораат да плаќаат месечен надоместок. Со оваа посветеност, едноставност и најдобрата понуда за неделната кошничка, „Алди“ намерно се спротиставува на трендот „попуст контра податоци“ – ексклузивни цени само за регистрираните лојални купувачи. Со тоа што, програмата на „Волмарт +“, „Таргет циркле“, „360 програм“ и членството во  „Костко ексекутив“ не се бесплатни.  За сите тие, нивните членови годишно плаќаат околу 100 американски долари.

 Ова соопштение на „Алди суд“ претставува предизвик за актуелните лидери во индустријата, кои по прашањето за продажбата, заостануваат зад германскиот дисконтер. Според податоците што ги објави Националната малопродажна федерација „НРФ“, „Волмарт“ во 2022 г. во САД се проценува дека имал продажба од 500 милијарди долари, „Костко“ од 164 милијарди долари, додека „Крогер“ остварил продажба од 148 милијарди долари, а „Таргет“ 108 милијарди долари. Додека здружението на трговци ги ја проценува глобалната продажба на „Алди“ на 124 милијарди долари, во САД досега „Алди“ играл само споредна улога со релативно мал пазарен удел од 40 милијарди долари. Сега „Алди“ сака да го заеземе своето место меѓу големите малопродажни играчи. Неодамна, дисконтерот ги најави своите планови за отворање на 800 продавници до 2028 година, покрај сегашните 2.370 во САД.

            

 Исто така, „Алди“ може да ја зголеми предноста во однос на „Лидл“. Според неодамнешната анализа која ја објави Плацер.аи, стапката на посетеност во „Алди“ во февруари годинава пораснала за 28,5% во однос на претходната година, во споредба со 8,6% кои ги остварил „Лидл“.

Податоците покаживаат дека во текот на изминатите 12 месеци, „Алди“ констатно привлекува повеќе купувачи отколку „Лидл“. Една од причините за тоа би можела да биде актуелната економска ситуација, каде што цените за храна од 2020 година пораснале за околу 25% . „Алди“ повеќе ги привлекува од „Лидл“ сегментите на потрошувачите со ниски приходи. Според истражувањата на пазарот, средниот приход на домаќинствата на потенцијалните купувачи во подрачјето на продавниците на „Алди“ годишно се проценува на 67.000 американски долари, додека вредноста на „Лидл“ на 79.000 долари. Плацер.аи проценува дека актуелната вредност на купувачот на „Лидл“ е уште повисока и изнесува 88.000 долари годишно.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...