Регион

„МК груп“ е меѓу компаниите кои се одрекуваат од државната помош

18 Apr 2020

„МК груп“  наведува дека на овој начин буџетот на Република Србија ќе има на располагање дополнителни 5 милиони евра.

Компанијата, заедно со нејзините компании-членки, одлучија да не ги искористат можностите што произлегуваат од регулативата донесена од Владата на Србија. На овој начин буџетот на Србија ќе има на располагање дополнителни 5 милиони евра.

Со ова сакаме да ја изразиме нашата солидарност и да го поддржиме побрзото закрепнување на нашата економија. Исто така се надеваме дека и другите големи корпорации, кои имаат можност, ќе дејствуваат на сличен начин. Ваквото откажување ќе овозможи повеќе финансиски простор за опстанок на оние бизниси кои не се способни сами да се справат со овој итен случај, велат од компанијата.

Како што соопштуваат до групацијата, од избувнувањето на пандемијата, „МК груп“ активно се вклучи во борбата против вирусот КОВИД-19. Потсетуваме дека Миодраг Костиќ, претседател на групацијата, ги предаде капацитетите на хотелот во Нови Сад на Институтот за јавно здравје на Србија, а компанијата донираше производи, пари за набавка на медицинска опрема и хуманитарни пакети и за оваа намена досега одвоени се 43 милиони динари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...