Регион

„Виолета“ го намали извозот за да го покрие домашниот пазар

18 Mar 2020

Компанијата „Виолета“ од Босна и Херцеговина го намали извозот за да ги покрие потребите на домашниот пазар, а од компанијата порачаа дека цените на нивните производи остануваат исти. 

Имавме барања од други пазари, од купувачи, да го откупат целото производство, или да ни дадат повисока цена, меѓутоа ние тоа не го разгледуваме туку на еден коректен начин работиме со трговците со кои и навикнавме да работиме, изјави Петар Ќорлука, претседател на Управата на „Виолета“. 

Вкупно во погоните на „Виолета“ се произведуваат по 1.200 палети тоалетна хартија дневно. 

„Виолета“ има свое производство во БиХ и во Хрватска, и компанијата порача дека двата пазари ќе бидат покриени, исто како и пазарот на Црна Гора, каде „Виолета“ е еден од главните снабдувачи. 

Од компанијата нагласија дека актуелната ситуација ја покажува важноста на домашното производство, и дека хигиенски производи ќе има доволно. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...