„Фортенова“ најави дека почна процесот на дезинвестирање на компаниите од нематичното работење, а на продажба се понудени агенциите „Атлас“ и „Компас“, градежната компанија „Пројектграднја“ и пристанишкиот терминал за товар, истовар и складирање житарки „Сојара“.
Од компанијата истакнаа дека со оглед на тоа што се фокусирани на развој на работењето во матичните дејности - малопродажба и големопродажба, храна и земјоделство, како и поради планираното отстранување на компаниите што не се од оваа дејност, преземени се опсежни подготовки за продажба на споменатите компании.
Во соопштението се наведува дека „Атлас“ и „Компас“ со своите компании во регионот, во Словенија и во Хрватска држат 20% од уделот, а во Црна Гора повеќе од 15%. Годишно опслужуваат 1,2 милион патници, а во нив се вработени повеќе од 600 лица. Зад „Пројектградба“ се некои од најголемите и комплицирани градежни проекти, вработени се 200 градежни експерти и 30 инженери. „Сојара“ е лоцирана на пристанишкиот терминал, а фабриката располага со капацитет за преработка на соја и складиштен простор од над 150.000 м²
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.