Регион

БиХ: Недела е неработен ден за сите вработени во продавниците

07 Nov 2024

Федерацијата Босна и Херцеговина донесе закон за внатрешна трговија, во кој меѓу другото се усвои недела да биде неработен ден за сите вработени во продавниците.

Предлогот за овој закон беше усвоен со 55 гласови  на вчерашната седница  Домот на народи на федералниот парламент, против гласаше еден делегат е тројца беа воздржани, а со мнозинство на гласови законот беше усвоен и до Претставничкиот Дом.

Во текстот на законот е дефинирано дека тој ќе стапи во сила на осмиот ден по објавата во Службениот весник на федерацијата БиХ.

Минатата недела беше воведен и амандман во Претставничкиот дом со кој општинските или градските совети можат, преку Сојузното Министерство за трговија, да побараат изземање од примената на одредбата за неработна недела во нивните области доколку постои оправдана причина за тоа. 

Амандманот прецизира дека Владата на ФБиХ исклучиво ќе одлучува за можните барања од овој тип.

Во Домот на народите не беше поднесен амандман или предлог за измена на одредбите од законот, но во текот на расправата имаше и такви кои изразија сомневање дали законот навистина ќе донесе придобивки за работниците и воопшто за трговската дејност.

 

 

 

Извор: eKapija

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...