Кај Прњавор во економската зона „Вијак“, во Горни Штрпци, се одбележа почетокот на изградбата на нова фабрика со почетен капацитет на дневна преработка на млеко од 5.000 литри. Проектот за изградбата ќе изнесува околу околу 10 милиони конвертибилни марки ( 5.113.296 евра).
Основачи на погонот „Наша млекара“ се 16 фармери од Здружението на млекари „РС“, кои го обезбедиле почетниот капитал од 133. 000 конвертибилни марки (68006 евра) , а досега во оваа инвестиција се приклучиле 432 фармери.
Директорот на новооснованиот погон, Милијан Ербез, истакна дека изборот на оваа локација е поради близината на автопатот, но и поради другите параметри.
Симболичниот почеток на работата го започна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Саво Миниќ, претседателот на Здружението на млекари, Милорад Арсениќ и градоначалникот на Прњавор, Дарко Томаш.
Миниќ истакна дека фокусот на производството ќе биде на сирењето и путер, кои ги нема доволно на пазарот.
Млинско – пекарската индустрија чии дневни потреби се околу 5 тони младо сирење веќе се обратија до министертството, ние за жал претежно увезуваме затоа што немаме домашно производство и затоа максимално го поддржуваме ова што денеска го гледаме во Прњавор, изјави Миниќ, и додаде дека ресорното министерство за „Наша млекара“ издвоило 500.000 конвертабилни марки.
Градоначалникот Томаш истакнка дека градот Прњавор обезбедил плац за објектот и изрази надеж дека во следните месеци ќе сведочи за брз развој на млекарницата и дека ќе се радува за задничкиот успех на сите кои што учествуваат во овој проект.
Извор: Biznisinfo.ba
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.