Компаниите „Лакталис БХ“ и „Инмер“ кои се членки на француската група „Лакталис“, најавија нови инвестиции во своите вработени и во подобрување на работните услови.
Компаниите годишно ќе инвестираат 2.183.000 конвертибилни марки ( 1.117.532 евра) во зголемување на платите за своите вработени, како дел од континуираните инвестиции на компаниите со цел создавање на позитивно работно опкружување кое го поттикнува професионалниот развој и задоволството кај вработените, соопштуваат од компаниите.
Зголемувањето на платите на нашите вработени претставува клучен чекор во остварувањето на нашата стратегија која ги става луѓето на прво место. Нашите вработени се темел на нашиот успех, а нивната посветеност и труд се незаменливи. Со тоа, зголемувањето на платите не е само економска мерка, туку и признание за посветената работа, лојалност и придонесот на секој од нив во постигнувањето на заедничките цели. Во изминатите неколку години од компаниите покренаа низа на проекти кои се насочени кон бројни едукации, можности за напредување внатре во компаниите, проширување на фабриките, модернизација на опремата и возниот парк, отворање на кантини за вработените и друго. Зголемувањето на платите во 2024 година претставува само еден од нашите чекори во тој правец, изјави Кенан Кечо, директор на компаниите „Лакталис БХ“ и „Инмер“.
Покрај инвестициите во човечките ресурси, „Инмер“ продолжува со инвестициите и во технолошките иновации и модернизацијата на своите производни капацитети.
Оваа интегрирана стратегија овозможува компанијата да ја задржи конкурентноста на пазарот, но и да осигура квалитетни производи за своите потрошувачи, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лакталис“ БиХ
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.