Во националниот парк „Сутјеска“, за врема на фестивалот „Нектар Ок фест“ од страна на учесниците во проектот „Секоја лименка се смета“ во соработка со компанијата „Бал корпорејшн “, организаторите на фестивалот и „Бањалучката пиварница“ собрале над 41.000 парчиња на искористени алуминиумски лименки.
Алуминиумска лименка може да се рециклира неограничен број пати со минимални загуби и поради оваа причина, во соработка со „Бал корпорејшн“, организаторите на фестивалот и „Бањалучката пиварница“, спроведовме акција за собирање искористени алуминиумски пакувања за да не заврши во природата како отпад, туку понатаму да се користи и третира како ресурс, изјави Немања Марјановиќ.
Како дел од „Нектар Ок фест“, беа организирани голем број различни активности за промовирање на рециклирањето со поддршка на проектот „Секоја лименка се смета“. Присутните можеа да ја стават искористената алуминиумска амбалажа во ранците на промотерите или кантите кои беа поставени на неколку различни точки, а најодговорните посетители беа наградени со помош на флекс смарт системот кој се користеше на лице место. За да се анимира публиката беше поставена „Пикселата“, еден вид сликарско платно направено од лименки, кои беа насликани од улични уметници. Имаше и забавна игра на табла „XOXO“ која беше активирана со фрлање лименка и ги мотивираше присутните да рециклираат.
Алуминиумската лименка Nectar беше главното пакување на Нектар ОК Фест, токму поради желбата да се поттикне рециклирањето, а податоците од повеќе од 40.000 собрани лименки пиво Nectar ни покажуваат дека пивопијците одлично ја прифатиле нашата акција. Покрај многубројните активности поврзани со рециклирањето, тука беше и пабот „Нектар“, каде на најодговорните посетители секојдневно им се доделуваа подароци. Посетителите на „Нектар ОК фест“ оваа година имаа можност да го пробаат нефилтриран Nectar, како и да уживаат на сцената „Нектар“ која беше отворена за прв пат оваа година, изјави Андреа Лиздек, маркетинг менаџер на „Бањалучката пиварница“.
Извор: InStore.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.