Регион

БиХ: Поддршка за енергетска ефикасност на малите и средните економски субјекти

08 Aug 2024

Фондот за заштита на околината на федерацијата БиХ објави повик за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во микро, малите и средни економски субјекти за 2024 година.

Вкупниот износ на буџетската подршка од ЕУ кој е на располагање за овој проект е над два милиони евра, а повикот за поднесување на пријави е до први септември, додека рокот за реализација на мерките е најдоцна до први декември годинава.

Повикот е поделен на две дела во кој еден дел од средствата ќе биде на располагање на микро и малите економски субјекти, додека другиот дел ќе им биде на располагање на малите и средни економски субјекти.

Извор: eKapija



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...