Регион

БиХ: „Пенава“ отвори втор супермаркет во Посушје

06 Aug 2024

На почетокот на месецов компанијата „Пенава Посушје“ отвори нов супермаркет во Посушје на адреса Растовачко полје 137.

На повеќе од 500 квадратни метри, во новиот продажен објект со над 10.000 артикли  купувачите ги очекува разновидна понуда  на производи за потребите на домаќинството. Во продавницата работат 10 лица и достапни се две каси. Како што соопштуваат од компaнијата, новата продавница има современа опрема, таа е уредена и нуди современ амбиент, понуди и услуги за купувачите. Во рамките на супермаркетот има месарница и рибарница, како и голем избор на свежо овошје, зеленчук, разни пекарски производи и богата гастро програма.

Според зборовите на директорот на компанијата, Антонио Пенава, целта на отворањето на новата продавница е на сите купувачи да им се овозможи одличен амбиент во секојдненото купување.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Пенава“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...