Според објавените податоци од Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина, во првите шест месеци од годинава е забележан пад на извозот за 700 милиони км, во однос на истиот период од претходната година.
Како што соопштуваат од Управата, во овој период во Бих била увезена роба во износ од 14,96 милијарди км, а извозот бил во вредност од 8,26 милијарди км.
Во истиот период минатата година, увозот изнесувал 15 милиони км, додека извозот изнесувал 8,96 милиони км.
Од почетокот на годинава, надворешниот трговски дефицит на БиХ достигна 6,7 км.
Најмногу од производите биле увезени од Хрватска и биле во вредност од 2,83 милијарди км, потоа следува Србија (1,97 милијарди км) и Германија (1,29 милијарди км).
Извор: eKapija
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.