Регион

БиХ: dm дрогерие маркт го прослави 18. роденден

04 Jul 2024

Компанијата dm дрогерие маркт пред 18 години во Босна и Херцеговина ги отвори своите први продавници во Сараево и Тузла.

Денеска компанијата во БиХ има 1.200 вработени лица и 92.продавници во 47 градови, како и еден дистрибутивен центар во Сараево.

Горди сме на фактот што низ 18 години посветена работа и посветеност на нашите купувачи, dm прерасна во лидер на пазарот на дрогерии, обезбедувајќи квалитетни производи и услуги кои нашите купувачи ги заслужуваат. Ние постоиме и работиме со јасна деловна филозофија заснована на општествена одговорност, одржлив бизнис и на задоволството на купувачите и на нашите вработените. Од година во година продолжуваме да негуваме позитивни практики како 13-та плата, редовни систематски и стоматолошки прегледи, стручно образование и обука, како и бројни други поволности за вработените во dm, изјави Ајла Хаџиќ, маркетинг менаџер на dm дрогерие маркт.

Компанијата подготви различни награди и поволности за потрошувачите, како и лотарија под слоганот „Полнолетни и многу среќни“.

Корисниците на програмата „Актив бјути“ и апликацијата „Мој dm“   можеа да заработат 18 пати повеќе поени при нивното вкупно купување, додека секој што направил сметка во износ од 30 или повеќе конвертибилни марки, онлајн или во продавница за dm, имал право да учествуваат во наградна игра која траела до 2 јули.

Потрошувачите, како дел од наградната игра, имаа можност да освојат 18 вредни награди.

 

 

Извор: Media Marketing

Фото:  dm дрогерие маркт



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...