Анализи

„Лидл“ извезува свинско месо произведено во Германија

13 Sep 2024

„Лидл“ воведува сопствена ознака  за локално потекло на свинското месо како дел од промоцијата во своите литвански подржници. За свежите месни производи, дисконтерот на меѓународните пазари досега се потпираше на производи од локално потекло. Падот на обемот на производството и значителните зголемувања на цените на свинското месо го наведоа „Лидл“ да се врати назад на фабриките за месо на сестринската компанија „Кауфланд“.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

„Лидл“ продолжува со проширувањето на квалитетот на сопствените брендови од својата палета на месо „Made in Germany“. Во актуелниот леток на „Лидл“ – Литванија, компанијата нуди свежи свински ребра под слоганот „ Квалитетно германско месо, ветува совршен вкус, пробајте и уверете се сами“. Производот кој се рекламира не е локално потекло, туку е увезен од матичнaта земја на „Лидл“ и се продава со ознаката за квалитет на компанијата „5хД“, која беше претставена на домашниот пазар во 2022 година. Сите производи од месо кои се означени под оваа ознака се произведени и одгледани во Германија. Во минатото, маркетингот за квалитет на компанијата беше главно ограничен на производите од амбиенталната палета...

Овој потег може да означи пресвртница во маркетингот на свежите производи на „Лидл“. Досега, пан-европската стратегија на „Лидл“, особено месните производи, беше да ја зајакне својата локална привлечност. Со користење на ознаки за национално потекло признати во индустријата, како што е сертификацијата „Viande Bovine Française“ (француско говедско месо) што моментално ја користи „Лидл“ во Франција, ознаката за квалитет „AMA“ во Австрија, ознаката „Produkt Polski“ (полски производ) во Полска и печатот „Kött från Sverige“ (месо од Шведска) кој се користи во работењето на компанијата во шведска, трговецот на мало сака да покаже поддршка за локалните производители. За да го зајакне својот имиџ како домашен супермаркет, „Лидл’ во многу други земји користи сопствен маркетинг бренд од локално потекло, како што е „Lietuvos Gamintojas“ (литвански производител) во Литванија, во комбинација со дополнителна сертификација од трети страни, како што е „Еурофинс“.

 

 Покрај главно позитивната конотација на „Made in Germany“ во балтичките земји и Централна и Источна Европа, овој потег е  од стратешка неопходност и во иднина може да се копира во други земји. Со натпросечни стапки на раст и брзо зголемување на уделот на пазарот, „Лидл“ треба да ги обезбеди своите канали за снабдување, особено за свежи производи, кои се склони кон флуктуации во обемот и квалитетот. Обемот на производство на свинско месо паѓа. Според најновите достапни податоци на „Евростат“, ЕУ произведе 22,1 милиони тони свинско месо во 2022 година, што е намалување од 5,7% во споредба со 2021 година и пад на нивото на производство на најниското ниво од 2009 година. Според податоците на литванскиот Завод за статистика, во Литванија, производството на свињи постојано се намалува од 664.000 животни во 2017 година на 574.000 во 2022 година,.

 Со стапка на инфлација од 11,7% свинското месо забележа највисоки поскапувања минатата година во Европа, покрај месото од живина (+8%) и говедско месо (+7,4%). Годинава во март „Лидл“, објави дека ќе набави дел од својата палета на месо и колбаси од сестринската компанија „Кауфланд“, која управува со пет фабрики за месо.

„Лидл“ за секој пазар ја приспособува својата стратегија за извор за набавка.

 Во април, „Лидл“ во Велика Британија објави долгорочна инвестиција од 500 милиони фунти (595 милиони евра) во индустријата за свинско месо. Моделот на отворена книга, кој вклучува фиксна маржа за земјоделците, има за цел да обезбеди сигурност во планирањето за локалните производители, а истовремено да го гарантира идното снабдување за трговците на мало. Од јануари оваа година, Обединетото Кралство воведе нови гранични контроли за увоз на храна од Европската унија, што практично одложи многу испораки. Според британското Здружение на преработувачи на месо, Обединетото Кралство се потпира на увоз за 49% од своето свинско месо.

 Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...