Во близина на скоро завршениот логистичко – дистрибутивен центар на „Подравка“, свечено се одбележа почетокот на изградбата на новиот транспортен центар на компанијата.
Инвестицијата е во вкупна вредност од околу 3 милиони евра што е дел од тековниот инвестициски циклус на групацијата, а градежните работи се проценува дека ќе траат околу шест месеци.
Од компанијата соопштуваат дека новиот Центар ќе ја засили транспортната инфраструктура на „Подравка“ и ќе ја зголеми ефикасноста на логистичкото работење.
По изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар, оваа инвестиција е продолжување на инвестициите во модернизација на логистиката и заедно ќе претставува синергија која ќе овозможи консолидација на складишните капацитети и транспортот, а со тоа и многу поефикасно работење од досега . Тоа е сеопфатен модерен објект што една мултинационална компанија како „Подравка“ навистина го заслужува, изјави Гордан Дрнас, директор за логистика во „Подравка“ на отворањето на градилиштето, додавајќи дека возниот парк на „Подравка“ годишно поминува над 3,6 милиони километри.
Покрај зголемувањето на ефикасноста, Центарот ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот и условите за работа, вклучително и на работилница за поправка на камиони и вилушкари, канцелариите за транспортна организација, пералната за автомобили, бензинска пумпа и паркингот за 28 камиони, како и за личните возила на вработените.
Со оваа инвестиција завршува нашиот инвестициски циклус. Овој објект заедно со логистичко-дистрибутивниот центар ќе бидат срцето и основата на логистиката и транспортот на „Подравка“. Посебно ме радува што овој нов објект, како и сите други на кои работевме досега, ќе ги подобри условите за работа на нашите вработени и ќе им овозможи современи услови во кои на едно место ќе имаат се што им е потребно за непречена работа, додаде Мартина Далиќ, претседателка на управата на „Подравка.“
Извор: InStore.hr
Фото: „Подравка“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.