Регион

Србија: Отворени нови „Гомекс“ маркети во Пожаревац и Куцура

20 May 2024

Малопродажниот трговски синџир „Гомекс“ отвори два нови маркети во Пожаревац и Куцура.

 Во Пожаревац, на адреса Иво Лола Рибар бр.25, со работа започна четвртиот продажен објект  на „Гомекс“.

Новата продавница располага со продажен простор од 196 квадратни метри, во кој е вклучена и пекарница, а во маркетот се вработени седум лица, соопштуваат од компанијата.

     

Втората продавница која ја отвори „Гомекс“ е во Куцура и е со продажен простор од 239 квадратни метри,во неа се вработени седум лица, а на купувачите ќе им бидат достапни над 5.000 артикли, како и свежи пекарски производи.

На денот на отворањето на новите продавници, за купувачите бил обезбеден попуст од 10% на вкупната сметка.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Гомекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...