Хрватската влада ги ограничи цените на вкупно 30 производи, со важност од вчера, 18 септември. За сончогледово масло, млеко, брашно, шеќер, пилешко, мелено свинско месо остануваат ограничувањата од претходните мерки, јавија хрватските медиуми.
Меѓу новите производи со ограничени цени се и јогуртот во чаша и шише – 40 центи; полутврдо „гауда“ сирење за сечење 6,49 евра; ориз 2,29 евра за килограм; половина килограм шпагети 1,09 евра; свежи јајца класа М 2,45 евра; свински врат без коски 5,49 евра; говедски врат со коска 6,99 евра; пилешки или мисиркини виршли 2,69 евра; компири 5 килограми 3,99 евра, моркови 0,89 евра итн.
Комплетна кошница производи чии цени сега се ограничени ќе чинеше 99,68 евра на крајот на минатата година, а 76,19 евра по новите цени, што е за 23,57 отсто помалку, со заштеда од 23,49 евра, изјави премиерот Андреј Пленковиќ.
Сите овие производи ќе бидат означени дека се со ограничена цена за да бидат видливи за потрошувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.