Во овие околности никој не е заинтересиран да ја купи „Фортенова група“, однодно нејзиниот сопственик „МидКо“, е содржината на писмото што управата на „Фортенова“ ја испрати до несанкционираните сопственици, барајќи од нив акција.
Во документот, Управата бара од акционерите да се вклучат активно и да смислат план за спас на компанијата. Проблемот „Фортенова“ има два клучни моменти - руското ко-сопствеништво и неповолниот долг за обврзница тешка повеќе од милијарда евра. Управата сака да ја избегне неможноста да се платат тие обврзници што ги контролира американскиот фонд „ХПС“ и кои ќе доспеат оваа есен. Ако не најдат друго решение, во тој момент, поради неплатените долгови, компанијата ќе ја преземе „ХПС“.
„Фортенова“ беше огласена за продажба кон крајот на април годинава. Причина за продажбата се санкционираните правни лица што ги има во своето сопствеништво, а целта на тој процес е „Фортенова“ да продолжи без нив како ко-сопственици.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.