Српската Влада донесе одлука во наредните 60 дана да не поскапуваат лебот, брашното тип 400 и тип 500 во пакување од еден и пет килограми.
Донесовме одлука за наредните 60 дена, но Владата има право да интервенира доколку смета дека на пазарот постојат одредени нарушувања. Изгледа дека на светскиот пазар на житарици поради конфликтот во Украина ќе се случи целосен циркус, изјави српскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ.
За РТС тој рече дека на рафтовите во продавниците има се и дека во Србија, за разлика од некои други земји во кои има проблеми, не постои опасност дека ќе нема брашно, млеко и сончогледово масло.
Според него, државата интервенирала и му помогнала на мелничко-пекарскиот сектор со поевтина пченица од стоковите резерви и така ги надоместила евентуалните загуби кои би можеле да ги имаат.
Недимовиќ истакнува дека и понатаму смета дека забраната за извоз на 45 дена била добра.
На светскиот пазар на житарки е хаос и нам ни беше потребно да ја избалансираме нашата состојба, да ја сочуваме Србија, да има доволно ресурси. Замислете ситуација за три дена да ги извезевме целото брашно и пченица што ги имаме. Што би останало за Србија, што би имале, нагласи тој.
Министерот вели дека Србија во овој момент има вишок 170.000 тони брашно и милион тони пченица на лагер, а од следната жетва се очекуваат над 3.400.000 тони пченица.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.