Хрватска го намали ДДВ - то на храната од 13 отсто на 5 отсто за свежото месо и риба, јајца, зеленчук, овошје, масло и масти, храна за деца, трошоци во земјоделството, садници, ѓубриво и пестициди, а од 25 отсто на 5 отсто за путер и маргарин.
Причина за намалаувањето на данокот е растот на цените на енергенсите.
Овој пакет мерки за помош на граѓаните и компаниите вреди 4,8 милијарди куни. Исто така, државата трајно го намали ДДВ - то на плин и топлинска енергија од 25 отсто на 13 отсто, додека ДДВ - то на плинот од 1 април 2022 година до 31 март 2023 година ќе се намали на 5 отсто. Исто така, ДДВ - то ќе биде намален и за хигиенски влошки и тампони, од 25 отато на 13 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.