Регион

БиХ: Рекорден извоз во 2021 година

24 Jan 2022

Извозот од Босна и Херцеговина минатата година изнесуваше 14,27 милијарди конвертибилни марки (КМ), што е за 35,7 отсто повеќе отколку во 2020 година. Увозот лани беше 21,59 милијарди КМ, што е за 27,9 отсто повеќе отколку годината претходно. 

Според анализата на Бизнисинфо.ба, ова е рекорден годишен извоз од БиХ. Со него е срушен рекордот од 2018 година, кога извозот беше 11,9 милијарди КМ. Покриеноста на увозот со извозот изнесуваше 66,1 отсто, додека надворешно - трговскиот дефицит изнесуваше 7,32 милијарди КМ. 

Извозот во земјите на ЦЕФТА беше 2,4 милијарди КМ, што е за 42,8 отсто повеќе отколку во 2020 година, додека увозот беше 2,76 милијарди КМ (+28,8 отсто).

Извозот во земјите на ЕУ беше 10,39 милијарди КМ, што е за 36,4 отсто повеќе отколку во 2020 година, додека увозот изнесуваше 12,73 милијарди КМ (пораст за 24 отсто).   
 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...