Регион

„Фортенова“ продава уште две компании

28 Jun 2021

„Фортенова група“ продолжува со чистење на своето портфолио со цел да се фокусира на трите најважни деловни сегменти - малопродажба, прехрана и производство. 

По продажбата на „Ледо“, „Фортенова“ сега ги продава и „Пашка солана“, чиј купувач е еден инвестициски фонд, како и винарницата „Младина“ која ќе биде преземена од страна на „Паго Хрватска“. 

Две руски банки се мнозински сопственици на „Фортенова група“, а продажба на својот удел засега најави само „Сбербанка“ која го поседува најголемиот поединечен пакет акции од 44 отсто. 

„Фортенова“ вработува повеќе од 50.000 работници во регионот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...