Регион

Промовирана нова ракија од брендот Yebiga

16 апр 2021

Производителите на ракијата Yebiga, ексцентрично спакуван пијалак направен од сливи од планината Гоч во Србија, пред две години ги одушевија купувачите во САД со вкусот на традиционалната српска ракија. За популарноста придонесе и фактот дека промотер и идеен творец на оваа ракија е Били Гулд, басист на групата Faith No More.

Воодушевувањето на Били Гулд со српската ракија и нејзиниот потенцијал за бизнис го доведоа во контакт со дестилиријата „Ток“ од Гоч, и настана соработка од пто произлезе ракијата Yebiga Prva, класична српска ракија од сливи. ОткакоYebiga Prva остври значителен пробив на пазарот во САД, следи и ракијата што сега е промовирана: Yebiga Bela, „шливовица“ со чист овошен вкус, одлежана во инокс. 

Како и нејзината претходничка, и ракијата Bela е рачно произведена, со извонреден квалитет, направена од локално одгледувани сливи од Гоч. Чувана е во буриња од инокс и провидна е како кристал, со чист(но не благ) вкус. Одлична е за секојдневна консумација, и не мора да се чека погреб за да се отвори шишето. Ракијата доаѓа од истата баба, само е малку помлада. Ова е најдобрата „шливовица“ која никогаш не сте ја пробале, соопштија во свој стил производителите на ракијата со необичен имиџ. 

Гласот за српската ракија и нејзината морбидна етикета освен во Калифорнија, се проби и на другите поголеми пазари во САД: Илиноис, Њујорк, Вашингтон, со најава дека списокот на држави во кои се продава значително ќе се прошири во блиска иднина. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...