„Лидл“ - Србија планира во следните месеци да ја почне изградбата на голем логистички центар во Лапово, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Компанијата стана сопственик на парцела во Лапово на која ќе го гради својот втор логистички центар во Србија. Првиот се наоѓа во Нова Пазова и се простира на повеќе од 45.000 квадратни метри.
Инвестицијата во Лапово ќе има 60.000 квадратни метри и тој логистичко-дистрибутивен центар ќе биде еден од најголемите на Балканот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.