Регион

„Нестле“ има нова директорка во Србија

11 Nov 2020

Компанијата Нестлé, најголемиот светски производител на храна и пијалаци, ја претстави новата директорка во Србија - Марјана Давидовиќ.

Таа доаѓа на местото на Мариана Маринова, која останува на позицијата финансиска директорка за југоисточниот европски пазар.

Давидовиќ кариерата во Нестлé ја почна во 2007 година, како менаџерка за развој на продажбата, а во 2013 година беше назначена за директорка на продажба. Одличните резултати, во 2019 година ја однесоа на местото извршна директорка на  Nescafé во Полска, од каде дојде на главната раководна позиција на компанијата во Србија.

Чест и задоволство ми е да бидам на чело на една од најдобрите и најуспешните компании во светот. Нестлé  Србија има многу амбициозни планови и цели и сите заедно ќе настојуваме да ги оствариме, изјави Давидовиќ.

Таа стапи на функцијата на 1 ноември. Како некои од главните цели ги истакна остварување на сите пазарни потенцијали, континуиран раст во сите сегменти, дополнително прилагодување на новонастанатите светски околности, но и нова тура помош од компанијата за најзагрозените група поради ширење на пандемијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...