Компанијата „Толлакс“ отвори ново продажно место, М1 киоск на булеварот „Партизански одреди“, сместен во центарот на градот, на ексклузивна локација, спроти Универзална сала.
Отварањето на новото продажно место е уште еден значаен чекор во нашата посветеност да им понудиме на клиентите широк асортиман на пијалоци и производи, кои би ги задоволиле потребите и вкусовите и на најпребирливите купувачи, соопштуваат од „Толлакс“
М1 киоск на булеварот „Партизански одреди“ се простира на површина од 105 м2, со што го продолжуваме новиот концепт на работа на „Селектет шопс“, веќе застапен во продажните места: М1 Ист гејт мол , М1 Кмол , M1 на ул. Македонија и М1 Соборен храм.
Новото продажно место работи со работно време од 07 часот наутро, до 02 по полноќ, а во нашата понуда може да најдете најголем избор на алкохолни пијалоци во градот, како и богата понуда на атрактивни брендови на производи, промовирани на тик-ток, „Јутјуб“ и „Инстаграм“.
Брендот М1 киоск оваа година обележува 40 години од отворањето на првиот киоск, што ќе биде обележано со многу изненадувања и новитети за своите потрошувачи. Следната година во работната агенда на нашата компанија, се планирани отворања на нови продажни места, ширум државата, по принцип на франшиза, соопштуваат од „Толлакс“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.