На 8 јуни официјално беше отворен новиот супермаркет „Дием-ГП“, кој се наоѓа на ул. 4, бр.1 во Ржаничино, општина Петровец, односно во рамките на дистрибутивниот центар на компанијата.
Маркетот располага со продажен простор од 300 квадратни метри и со помошен магацински простор од 30 квадратни метри. Има една наплатна каса, а за услугата се грижат 9 вработени. Асортиманот на новиот „Дием-ГП“ го сочинуваат околу 3.500 различни производи, а во рамките на маркетот има и пиљара со свежо овошје и зеленчук, пекарница за леб и печива, готвени јадења, како и деликатесен дел со сувомесни и млечни производи.
Особено сме горди на овој проект, како најголем и најфункционален маркет во мрежата на „Дием-ГП“. Засега, има навистина одлични реакции и од купувачите и од соработниците за изгледот, асортиманот и функционалноста на новиот маркет. Тоа е мотив плус да продолжиме и понатаму во проширување и модернизирање на нашата малопродажна мрежа, преку која на најдобар начин ќе ги задоволиме барањата и потребите на купувачите, изјави за InStore Димитар Атанасов, управител на маркетите „Дием-ГП“.
Супермаркетот во Ржаничино е 18. во Македонија. Атанасов открива дека за годинава се планира отворање на уште еден супермаркет во Скопје, а до крајот на годината ќе се реновираат и ќе се модернизираат и другите маркети од мрежата на „Дием-ГП“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.