Маркетите „Макпрогрес“ соопштија дека од денес нивните потрошувачи ќе имаат можност да ја користат новата услуга „Нарачај и земи“.
Со оваа услуга потрошувачите ќе можат да изберат еден од маркетите кој е најблиску до нивниот дома, да ги нарачаат потребните производи и да ја подигнат од маркетот.
Услугата е достапна во Маркет 3, Маркет 10 и Централ маркет во Виница, во период од 07:00 до 11:00 часот телефонски да ги нарачаат производите и до 14:30 можат да ги подигнат производите, во маркетот каде што се нарачани. Плаќањето се врши во маркетот, при подгинување на нарачката, соопштуваат од маркетите „Макпрогрес“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.