На 24 април, велешката компанија „Жито“ го отвори 58. малопродажен маркет, овојпат во Струмица.
Новиот „Жито“ во Струмица се наоѓа на ул. Браќа Миладинови, бр. 36, кај поранешниот салон „Симпо“ во населбата Палестина. Се простира на продажна површина од 550 квадратни метри и магацински простор од 50 квадратни метри. Располага со три наплатни каси, печка за печење пилиња и широк асортиман на производи, во согласност со потребите на потрошувачите. Отворањето на маркетот обезбеди 15 нови вработувања.
Предизвикот го реализиравме, останува уште да ги оправдаме и исполниме очекувањата на струмичани и да продолжиме со тоа по што сме препознатливи – квалитетна услуга, професионален тим и најдобри цени, изјавија од менаџментот на „Жито“.
Денот на отворањето беше проследен со бројни дегустациии, презентации, акции и подароци. Присуствуваа голем дел од граѓаните на Струмица, а настанот го проследија и голем број деловни соработници и пријатели на „Жито“.
Работно време на новиот „Жито“ е од 7:30 до 21:30 часот од понеделник до петок, односно од 7:00 до 15:00 часот во недела и за празници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.