По анализата на распоредот на „Рамстор" на бул.„Видое Смилевски Бато“ бр. 10А во Ново Лисиче, маркетот беше повторно структуиран во согласност со потребите и очекувањата на купувачите.
Ајхан Чалишкан, директор за продажба во „Рамстор" – Македонија, за InStore открива дека ако не се земе предвид планирањето, подготовките траеле приближно 60 дена. Реновирањето било спроведено без да се затвори маркетот и се вршело претежно во ноќните часови.
Со реновирањето на одделите за зеленчук, овошје, сувомесни производи, пекарницата и месарницата, се рефлектираше нашата силна страна во групата свежи производи. Освен тоа, беа обновени и сите визуелни елементи. Со користење на најновата технологија за осветлување и опремата за заштеда на енергија и намалување на трагите од јаглероден диоксид во внатрешноста на објектот, маркетот прерасна во место кое е почувствително кон околината, вели Чалишкан.
Тој додава дека во реновираниот маркет, секојдневните и свежите производи се во прв план, а освен зголемувањето на палетата на овие производи, зголемено е и количеството на смрзнатата програма.
Малопродажниот сектор е жив сектор и поради тоа, секогаш се потребни одредени новитети. Во таа насока, внесувањето на новитети во нашите маркети ќе продолжи и во периодот што следува. Планираме одделите во сите маркети да бидат повторно разгледани и обновени, открива Чалишкан.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.