„Прилепска пиварница“ го претстави најновиот производ Zlaten dab Amber, кој е резултат на 100-годишното искуство и усовршување на процесот на производство.
Како што соопштуваат од пиварницата, ова премиум лагер пиво е создадено од 100% јачменов слад и светол карамелен слад, што му дава уникатен карактер, богата арома и совршен баланс на вкусот. Содржи 5% алкохол.
Со Zlaten dab Amber внесуваме свежина на пазарот како одговор на барањата на вистинските познавачи на пивото. Инвестирајќи во развојот на новиот член во семејството на Zlaten dab, уште еднаш ја потврдуваме посветеноста на врвниот квалитет како наш водечки принцип, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска пиварница“.
Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор на пиварницата, додава дека во производството се применети најсовремени технологии, со што е постигната рамнотежа меѓу горчината и сладоста.
Zlaten dab Amber е достапен во стаклено шишиња од 0,33 и од 0,5 л, лименка од 0,5 л и пет-амбалажа од 1,5 л.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.