Македонија

„Пекабеско“ бележи раст на профитот за 19%

14 Mar 2025

 „Пекабеско“ АД за периодот јануари-декември 2024 оствари добива на износ од 174.142.000 денари и е повисока од претходната година за 19 отсто.

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-декември 2024 година изнесуваат 5.955 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 8%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2023 година бележат зголемување од 8%. Приходите од извоз изнесуваат 832 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 се зголемени за 11%

 Остварените вкупни расходи во периодот јануари-декември 2024 година изнесуваат 5.767 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 7%.

„Пекабеско“ годинава слави 45 години од своето постоење. Компанијата ја одбележа годишнината со донирање медицинска опрема на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје. Компанијата на оваа клиника еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на оваа Клиника.

Дополнително, во соработка со општина Илинден, Пекабеско обезбеди донација од 10.000 евра кои ќе бидат наменети за изградба на детско игралиште во Илинден.

 

Извор: SeeNews

Фото: „Пекабеско“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...