Предлог листата со производи кои Стопанската комора за трговија на големо и мало смета дека треба да добијат намалени маржи и да поевтинат е испратен до Владат, Министерството за економија и до Пазарниот инспекторат.
Ве информираме дека Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, денес достави Предлози за обезбедување ефективни мерки за намалување на цените на групи производи. Предлозите се доставени до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат. Предлозите се подготвени по одржаниот состанок на 14 февруари 2025 година во Министерството за економија и труд, заедно со министерот, заменик-министерот, претставници од релевантни институции, како и членови на Комората. По добиените одговори, ќе излеземе со нашите ставови, соопштуваат од Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун.
Извор:
Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун.
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.