Македонија

„Дием-ГП“ отвори нов маркет во Штип

08 Nov 2023

Новиот „Дием-ГП“ во Штип, на улицата Браќа Даневи, бр. 4а, во непосредна близина на поранешнот маркет „Туш“ и градскиот пазар, почна со работа на 14 октомври.

Продажниот простор на новиот маркет е на површина од 110 квадратни метри и располага со дополнителен магацински простор од 10 квадраати. Во него се застапени околу 2.500 различни производи. Како што соопштуваат од компанијата, освен стандардниот асортиман, доминираат производите од производствената програма на „Дием-ГП“, приватните трговски марки и производите од сопствен увоз. Во маркетот засега има една наплатна каса, а за услугата кон купувачите се грижи тим од 4 вработени.

Маркетот во Штип е 21. во мрежата на „Дием-ГП“.

Посветено продолжуваме со проширување на нашата малопродажна мрежа и на нашиот концепт. Во првата половина од годината што е пред нас очекуваме да почнат со работа два нови маркети „Дием-ГП“. Оваа, 2023 година, очекуваме да ја заокружиме со реновирање и проширување на два постојни маркети, со цел да им овозможиме подобар амбиент и услуга на нашите купувачи, изјави за InStore Димитар Атанасов, управител на „Дием-ГП“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...