Македонија

„Реплек АД“ доби А – интегрирана еколошка дозвола

27 Jan 2023

По низа активности и инвестиции кои беа реализирани во изминатиот период, „Реплек фарм“, компанија основана од „Реплек АД“, ја доби А - интегрираната еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Овој документ е потврда за одговорното работење, континуиран мониторинг и намалување на влијанието врз животната средина, далеку под дозволениот минимум, велат од компанијата. Во текот на имплементацијата на потребните чекори кои се дел од условите за добивање на А - интегрираната дозвола се работеше во неколку поглавја, а тоа се: мерење на емисии во воздухот, мониторинг на квалитет на отпадни води, мерење на бучава, соодветен третман на отпадот, редовно известување за нивото на потрошувачка на електрична енергија и вода и мерки за поголема енергетска ефикасност. Покрај мониторингот, во рамките на дозволата се дефинирани и начините и временската рамка за известување и доставување на податоци од мониторингот до надлежните институции.

Покрај тоа во „Реплек АД“ се воведени и стандардот за квалитет  ISO 9001:2015 и стандардот за животна средина ISO  14001:2015.

За да и придонесе кон намалување на C02 емисиите „Реплек АД“ инвестираше 43 милиони денари во фотоволтаична (соларна) централа, со инсталирана моќност од 948.29 kWp. Со оваа инвестиција, над 40% од вкупната потрошувачка на електрината енергија на компанијата се заменува со обновлива сончева енергија, со што се намалува користењето на фосилни горива.

 Над 75 отсто од производите на „Реплек АД“ се пласираат на странските пазари, а компанијата е присутна на повеќе од 25 пазари во светот. Останатиот дел од производството се пласира на домашниот пазар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...