Македонија

Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковите резерви

18 Aug 2022

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека доколку е потребно, можно е да се активираат стоковите резерви.

Според Битиќи, леб ќе има и тоа, како што рече, по реално пристојни цени.

Оценка на вицепремиерот е дека цените растат поради „нашето неодговорното однесување“ и дека одредени маркети профитираат. 

Се испостави во одредени маркети дека токму таму се најголемите маржи. Цените растат и зашто поскапуваат суровините. Тука не можеме да интервенираме зашто сме увозно зависни, изјави тој.

Битиќи рече и дека од септември се планираат мерки за помош на граѓаните, но не прецизираше какви, само потврди дека најверојатно нема да има ваучери како поранешните „купувај домашно“.

Не би кажал дека може да очекуваме ваучери, но ќе има мерки за ублажување на кризата. Во овој момент се гледа што најбрзо ќе даде ефект. За жал, не сме во можност и ситуацијата не е таква како во првиот период на пандемијата кога можевме да овозможиме. Тогаш интервенциите беа да одговориме соодветно за да ја задржиме економијата да не паѓа уште повеќе, објасни Битиќи.

Навраќајки се на неодговорното однесување, тој како пример го посочи земјоделскиот сектор. Се даваат, потенцира, огромни субвенции, а производството се намалува.

Поради тоа и отворивме јавна дискусија за реформи во моделот на субвенционирање. Вистинските земјоделци не треба да стравуваат. Тие ќе добијат достоинствени субвенции, но оние што се обидуваат на нивен грб да профитираат, треба да бидат загрижени, рече Битиќи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...