Македонија

Трошоците за живот во мај пораснале за 12,1 процент

08 Jun 2022

Државниот завод за статистика и во мај измери двоцифрен пораст на трошоците за живот од 12,1 процент, додека на годишно ниво достигна 11,9 отсто.

Лебот, зејтинот и млекото се трите производи кои поскапеле од 15 до 40 проценти за една година, од мај лани, до мај годинава. Зголемување на цените за 6,7 проценти има кај шеќерот и чоколадото, кафето и чајот за 3,1 процент додека месото за 2,5 проценти. Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два проценти, а цените на мало за 1,5.

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19%, услугите за сместување за 7,5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,4 %, течните горива за домаќинствата за 5,8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 5,7 %.

Индексот на трошоците на животот во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи зголемување од 11,9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 12,1 %.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...