Македонија

„Тиквеш“ продолжува со откупот на грозје според објавените критериуми и цени

13 Sep 2021

По отстранувањето на синоќешните блокади, „Тиквеш“ денеска продолжи со откуп на грозје од оние кооперанти кои согласно утврдената динамика беше планирано и беа повикани да го предадат грозјето во текот на вчерашниот ден.

Уште еднаш нагласуваме дека „Тиквеш“ е единствената винарница во земјава која и оваа година дефинираше највисока цена, ја почитуваше договорената цена за откуп на вранецот од 13 денари за килограм и од 11 денари за смедеревката и се обврза да откупи најголемo количество грозје досега, изјавија од компанијата.

Според известувањето од винарницата, незадоволни пет до шест поединци вчера го блокираа влезот во винарницата и со тоа го попречија откупот. Од таму изјавија дека нивното грозје не ги задоволувало минималните критериуми за квалитет. И покрај тоа што им било понудено да го откупат грозјето по цена соодветна на квалитетот, тие одбиле.

И покрај сите опструкции од поединци и политички мотивирани групи, „Тиквеш“ ќе остане доследен во исполнување на својата долгорочна развојна стратегија која се темели на партнерство со вистинските лозари, преку почитување на светските стандарди за квалитет и на пазарните правила и механизми, стои во соопштението.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...