Македонија

Отворен нов „Тинекс“ маркет во Аеродром

26 јул 2021

Нов „Тинекс“ маркет беше отворен во саботата во Скопје, во општина Аеродром. Маркетот е лоциран на  ул.23 Октомври бр.7 и се наоѓа во непосредна близина на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Тинекс“ маркетот располага со вкупна површина од 400м2. Покрај добро снабдените редовни оддели со широка палета од над 3000 производи од домашно потекло и ексклузивни увозни производи, маркетот располага со пиљара со богата понуда на свежо овошје и зеленчук, месарница каде може во секое време да се купи свежо и квалитетно месо, преработки од месо и оддел за сувомесни и млечни деликатеси.

Отворањето на овој маркет обезбеди 16 нови работни места, а потрошувачите ќе ги опслужуваат две наплатни каси.

По повод отворањето за потрошувачите се подготвени голем број на акции, промоции и попусти. За членовите на Мој Тинекс клубот од 24.07 до 26.07 (денес) ќе се доделуваат три пати повеќе поени на износот на направената сметка.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...