Македонија

Ladna ги објави победниците на Детскиот ликовен конкурс

07 Jun 2021
Со прогласување на победниците во двете категории Ladna го затвори традиционалниот детски ликовен конкурс, кој оваа година беше на тема: „Музикантите во природата“  Ladna обезбеди вредни награди за победниците, иако поради непредвидливоста на настаните тие беа малку поинакви од традиционалните награди.
 
Натпреварувањето беше поделено во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Како победнички цртежи од двете категории беа одбрани цртежите на:
 
Категорија од 4 до 7 години
1. Каја Митровска, 4 години, Скопје (прво место)
2. Андреа Танчевска, 5 години, Струмица (второ место)
3. Нина Стојанова, 6 години, Скопје (трето место)
 
Категорија од 7 до 10 години
 
1. Максим Апостоловски, 8 години, Виница (прво место)
2. Ивана Јосифовска, 9 години, Скопје (второ место)
3. Константин Милески, 8 години, Прилеп (трето место)
 
Авторите на одбраните дела Ladna ќе ги награди со награди специјално адаптирани за оваа година.
Наградите за оваа година, по категории, се следните:
Прва награда: Парична награда во еквивалентен износ за претходно предвиденото тридневно патување во Дизниленд, Париз на детето со родителите/старателите
 
Втора награда: Парична награда во еквивалентен износ за предвидениот годишен курс за цртање
 
Трета награда: Таблет за цртање


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...