Човечки ресурси

Марина Михајловска, „Кола“: Грижата за вработените е темел за успехот на целата организација

10 Feb 2025

Добросостојбата на вработените е темелот за успехот на секоја организација. Како и на кој начин го мерите тоа?

Кога се грижиме за добросостојбата на нашите вработени, знаеме дека тоа е темелот за успехот на целата организација. Кога нашите луѓе се поддржани и ценети, тие не само што се посветуваат на своите задачи, туку и растат како индивидуи, донесувајќи нови идеи и решенија. Инвестирањето во нивната психолошка, физичка и емоционална добробит е клучно за поттикнување на креативноста, тимската соработка и мотивацијата. Така, не само што создаваме позитивна работна средина, туку и ја стимулираме продуктивноста и иновацијата, што води до напредок на целата компанија

Во 2022 година за прв пат се сретнавме со дијагностиката QUINTAUM во која завземаа учество топ менаџментот и middle менаџментот и со која добивме насока и увиди за унапредување на состојбите на вработните со цел да ја разбереме нашата организациска култура, моменталната состојба на нашата работна сила и дали организацијата ја обезбедува културата, атмосферата и менаџирањето кое им е потребно на нашите менаџери.

Алатката анализира податоци користејќи 210 индикатори со преимена на научно базиран прашалник. Индикаторите се поврзани со менаџирањето на менаџерите, преференциите на нивното работно место, детекција на стресори и burnout фактори, како и со добросостојбата на менаџерите.

Од тука произлегоа многу развојни сегменти кои придонесоа како за индивидуален така и за компаниски развој а во насока на остварување на бизнис целите на нашата компанија.

Во 2024 година повторно ја спреведовме дијагностиката но овој пат со 35% учество од вработните и се стекнавме со сетрифкат за GREAT EMPLOYEE EXPERIENCE со сертификацијата на методологијата QUINTAUM.

 

Од завршување на сертификацијата, кои промени ги имплементиравте за да го подобрите задоволството на вработените и рамнотежата помеѓу работата и животот ?

Уште од првото спроведување на дијагностиката се отвроривме кон покренување на двигатели на организациската клима или работната атмосфера. Климатскиот двигател-ФЛЕКСИБИЛНОСТА  не однесе на едно ниво погоре од тогашното при што ги препознавме потребите и обезбедивме како индивидуален бизнис коучинг така и тимски менаџерски коучинг сесии за топ менаџментот и средниот менаџмент во насока на поддршка и зајакнување на слепите точки од дијагносиката однoсно во насока на општа колективна интелегенција која значи ,,група разновидност,, или ,, групна приспособливост”.

Од тука веќе отворивме простор за дигитализирање на менаџмент процеси како и за човечки ресурси, спроведување на стратешко управување и целта ни беше да ги утврди критериумите и насоките кои мора да ја регулираат организацијата и функционирањето на раководните тела на Кола Група.

Како се чувствуваа вашиот тим и организација да бидат препознаени како ,,Одлично место за работа и живеење”?

Навистина е прекрасно чувтсвото кога си препознаен работодавач како ,,Одлично место за работа и живот”. Пред некој период бевме поканети на организиран настан од страна на МАЦЕКС и ВИТА ИНСТИТУТ каде го започнаа процесот на сертификација за 2025 година ,,Македонските компании одлично место за работа и живот” базирана на QUINTAUM дијагностиката и имавме можност да го споделиме целото искуство со оваа методологија а тоа ни укажува дека навистина сме препознаен и ценет работодавач.  

Ние и по трет пат ќе учествуваме во 2025 година нo овој пат ќе биде обезбедено од нашата компанија да учествуваат сите вработени бидејќи навистина сме спремни да добиеме многу детални увиди за да можеме да продолжиме во насока која вработените ќе ни ја посочат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...