На утрешната владина седница Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе поднесе извештај во врска со последиците од бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи, а можно е Владата да преземе мерки за контрола на цените, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Очекувам детално реферирање на седницата, по што ДПИ, заедно со Министерството за економија и труд, ќе излезат со конкретни параметри. Ако системот не функционира како што треба – од производителите, преку дистрибутерите, до трговските ланци – Владата ќе мора да реагира со дефанзивни мерки за контрола. Оваа акција ќе биде проширена и на други економски оператори, вклучувајќи аптеки и продавници за бела техника. Неприфатливо е исти производи да бидат два до три пати поскапи кај нас отколку во соседството, изјави премиерот Мицкоски.
Тој истакна дека го разбира револтот на граѓаните поради високите цени, но потенцира дека решението треба да се бара преку дијалог.
Доколку некоја страна не ги почитува договорените мерки, Владата ќе мора да интервенира. Не сакаме да водиме политика преку интервенции, туку преку конструктивен дијалог. Претходниот обид пред Нова година не заврши како што очекувавме, бидејќи беше нарушена довербата меѓу Владата и трговците, истакна Мицкоски.
Фото: Freepik
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.