Македонија

Струмица го доби првиот „Киппер“

31 May 2021

Денеска (31 мај) синџирот хард-дисконти „Киппер“ го отвори новиот маркет во Струмица. Ова е првиот „Киппер“ во Струмица, втор во Источна Македонија и 67. во земјава.

Новиот објект е лоциран на улицата Ленинова, бр. 44, лок. 62. Се простира на вкупна површина од 340 квадратни метри, од кои 320 квадрати се продажен простор, а преостанатите се користат како магацински. Бројот на наплатни каси е две, а за услугата се грижат вкупно 9 вработени. Маркетот располага со асортиман од 1.900 производи.

Од „Киппер“ за InStore ги потврдија претходните планови за отворањето нови маркети: Следни се објектите во Радишани, Драчево, Гази Баба, Радовиш, Липково, Ресен итн.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...