Поповолни се очекувањата во преработувачката индустрија за порачки во март 2021 година, во однос на претходиот месец, поповолни очекувања има и за обемот на производство во наредните три месеци, но намалени се залихите на готови производи.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на март 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2021 година изнесува 71,1 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,4 отсто, неизвесното економско опкружување со 15,9 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 14,9 отсто и недоволната домашна побарувачка со 14,2 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.